ЈА ИЗНЕВЕРИВТЕ ПАРТИЈАТА КОЈА ВИ ГИ ДАДЕ СИТЕ ЖИВОТНИ УДОБСТВА: Мицкоски со остар говор за пратениците кои гласаа за уставни измени

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На прославата на Денот на македонската револуционерна борба, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски му се обрати на сите оние кои ја предадоа партијата.

Тој ги запраша зошто пратениците попуштија кога знаеа дека сите патриоти од 27 април се тотално невини.

„Кога гледав како кревавте рака со секое кревање рака нас срцето ни се кинеше, пеколна болка е тоа, направивте недостоинствен потег“, им порача Мицкоски.

Тој наведе дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за уставните измени ја скршија нивната кичма и сега колку и да се трудат нема да можат да чекорат простум.

„Ја изневеривте ВМРО-ДПМНЕ, а најважно од се ја изневеривте вашата татковина Република Македонија, која ви ги даде сите животни удобства“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека со гласањето за промена на Уставот го повредиле Македонецот и ги запраша како не им е непријатно да ги бранат оние кои ги напаѓаа.

„Зошто не издржавте, малку фалеше да издржите да одговорите на задачата, да не ја свиткате кичмата, Заев беше готов, ги праша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ пратениците.“

Мицкоски рече дека малку фалело да го победат Заев, бидјеќи ако тие не гласаа „ЗА“ ќе имаше избори.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This