ЈА ОДНЕЛ НА ВЕЧЕРА ЗА 8ми МАРТ: Таа извадила opyжје и заминала!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Единствена, но еднаква меѓу колегите во текот на цела година, Соња Паневска и рамноправно ги извршува сите активности во Единицата за недозволена тргoвиja со дроги во МВР.

Во целиот свој досегашен ангажман од над 20 години во пoлицијата, во ниту една ситуација не била издвоена од колегите затоа што е жена. Но, колегите секој 8 март, сепак, се потсетуваат дека е Ден на жената и ја испочитуваат, иако таа за себе вели дека денот не го празнува, но го одбележува.

Во полицијата е од 1997 година, откако го завршува средното полициско училиште, со голема желба влегла и со ист жар ја работи својата работа до денес. Се потсетува на секакви акции и активности, но интересно вели е една врзана за 8 март.

Некаде 2002/2003 година токму на Денот на жената едно момче ми имаше приредено пријатно изненадување во една кафеана во Скопје. Се беше организирано, но јас имав премногу активности на работа, а истата вечер беше планирана и активност на терен, па ми беше премногу тешко што вечерта нема да бидам со моите колеги. Не мислев многу на изненадувањето, мислев на работата. Но, сепак, дојдов на вечерата бидејќи беше фер да го почитувам тоа што момчето го направи. Па нели беше 8 март. И нормално шминка, високи потпетици, свечена гардероба и почна вечерата… Беше пресреќен што конечно не сум на работа, но жал ми е што сето тоа траеше многу кратко. Ми зазвони телефонот и мојот претпоставен рече: „Што правиш?“, на што јас одговорив дека е 8 март и го присетив дека сум на вечера. Тој ми појасни дека се подготвуваат да излезат на терен и дека ќе вршат пpeтрес на една локација каде се очекува отпоp од лицето кое треба да биде лишено од слобода. Ми кажа дека всушност се јавил само да ми посака пријатна вечера. Во тој момент мојата вечера заврши. Излегов од кафеаната го отворив багажникот од возилото и за помалку од две минути се преоблеков во патики, фармерки, дуксер, го зедов opyжјето со кое сум задолжена, се ослободив од шминката, се поздравив со момчето и заминав таму каде всушност бев цело време со мислите – на работа. Впрочем тоа сум јас, се потсетува Паневска.

Желбата да биде полицаец, односно полицајка ја имала од мала.

Била прва на листата на примени и на 1 септември 1993 година кога го почнува своето образование, од почеток од прва година, бидејќи морала да ја поништи веќе поминатата година во Срединото фискултурно училиште.

„Повторно да треба да избирам професија би избрала да бидам полицаец“, вели таа, наведувајќи дека имала многу мотиви да влезе во оваа професија.

Ги мотивира сите жени што ја одбрале да ја работат оваа професија и оние кои имаат љубов и желба да ја работат дека се се може кога се сака.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This