April 18, 2024, 10:53 am

ЈА ПОГРЕШИВТЕ ДРЖАВАТА ВО КОЈА МОЖЕТЕ ДА СИ ИГРАТЕ ИГРАЧКА: Реакција на Директорот на ЈП „Беласица“ на прозивките од СДСМ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Директорот на ЈП „Македонски шуми“ – Подружница ШС „Беласица“ во Струмица, Кире Михаилов, реагираше на вчерашната прес конференција на ОО на СДСМ во Струмица, кои обвинија дека „шумското“ ги остава граѓаните на Струмица без огревни дрва, кои си ги платиле по договор.

kire_direktor

„На 15 септември завршивме со испораката на огревно дрво – даб, кои беа обврска по основ на барањата на граѓани од општините Струмица, Василево, Ново Село и Босилово. Преостанатите околу 5%, склучени договори за огревно дрво – бука, ќе бидат испорачани во наредните неколку дена, што значи со отпочнување на грејната сезона оваа година, Шумското стопанство „Беласица“ Струмица нема да има никакви обврски по основ на склучените договори“ – вели директорот Михаилов, потенцирајќи дека сите кои немат склучено договор, а имат потреба од огревно дрво, можат во секое време да дојдат и склучат договор за онаа количина која им е потребна, бидејќи претпријатието располага со доволна количина на огревно дрво.

Михаилов не сакаше да ги коментира прашањата поставени од портпарол на ОО на СДСМ Струмица, како што рече „како што вие господа од СДСМ милувате да кажете: некои прашања не заслужуваат одговор“.

„Господа од СДСМ, ја погрешивте годината, ја погрешивте институцијата, како што впрочем ги погрешивте сите работи, т.е. ја погрешивте државата со која што сметате дека можете да си играте играчка“ – додаде Михаилов.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This