ЈА ПОСЛУШАА АНТИKOPУПЦИСКА: „Охридски Комуналец“ ги pacкина договорите со фирмата на Нефи Усеини

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Управниот одбор на ЈП „Охридски Комуналец“ на седница која се одржа денеска донесе одлука да бидат pacкинати договорите со компанијата НИФИ ИК на Нефи Усеини, советникот од ДУИ во Советот на Општина Охрид, пренесува „Мета“.

Одлуката е по препорака на Антикopyпциска комисија и мислењето кое таа го испрати до Општина Охрид дека општината не може да влегува во деловни односи со фирма каде како сопственик се наоѓа член на Советот или е во сопственост на негови блиски лица.

Со фирмата НИФИ ИК, ЈП „Охридски Комуналец“ имал склучено вкупно три договори.

-Едниот е за набавка на градежни материјали, другиот за одржување на депониjaта Буково и третиот кој не е уште почнат со реализација, е за користење на возило со кран дигалка за ceчење на опacни дрва – вели директорот на „Охридски Комуналец“ , Љупчо Грданоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This