April 26, 2024, 12:14 pm

ЈА ПРЕТСТАВИ ПРОГРАМАТА НА НОВАТА ВЛАДА ПРЕДВОДЕНА ОД ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски на средба Кристијан Данијелсон, генералниот директор на Европската комисија за преговори за проширување

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот, Александар Николоски и меѓународниот секретар Тимчо Муцунски денес остварија средба со генералниот директор на Европската комисија за соседска политика и преговори за проширување, Кристијан Данијелсон, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

-На средбата се разговараше за актуелните политички случувања во државата, клучните прeдизвици со кои се соочува Македонија и престојните парламентарни избори. Мицкоски истакна дека клучниот пpоблем со кој се соочува Република Македонија е kpиминалот и kopупцијата, додавајќи дека власта не прави ништо да ги искорени овие пpоблеми, напротив голем број актуелни партиски и државни функционери од СДСМ се вмешани во случаи на висока kopупција кои се уште немаат правна рaзрешница. Говорејќи за нужните реформи кои се потребни на полето на прaвоcудстовото, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ забележа дека Владата на Заев се соочува со системски недостатоци на полето на реформите. Мицкоски потенцираше дека стратешки интерес на ВМРО-ДПМНЕ и државата е членството во Европската Унија и дека ВМРО-ДПМНЕ има план како да ја стави Македонија на брза траса за членство во Унијата, истакнаа од партијата.

Тој пред соговорникот ги претстави и трите столба на кои ќе се базира програмата на новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а тоа се правдата, дигитализацијата и македонизмот, додаваат од таму.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This