April 26, 2024, 11:05 pm

ЈА ПРОДАЛ СТОКАТА, ОСТАНАЛ БЕЗ ВЕТЕНОТО РАБОТНО МЕСТО: Незадоволни членови на СДСМ од Кичево го демолираа локалниот штаб!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во текот на вчерашниот ден објавивме информација дека членовите на ОО СДСМ во Кичево го демолирале општинскиот штаб, поради кавга со претседателот на Општинската организација на СДСМ во Кичево Игор Лазарески. Според нашите информации кавгата настанала откако еден од најстарите членови на СДСМ од Кичево кој долги години бил без работи и егзистенција му замерил на Лазарески дека партијата вработува луѓе во администрацијата за пари меѓу кои и членови на други партии, а членовите на СДСМ во целиот процес биле запоставени. Очевидци и присутни во штабот велат ,,летаа компјутери, печатачи, столчиња и маси’’.

Зовриено е и на социјалните мрежи каде се создава целосна слика за проблемите во Општинската Организација на СДСМ во Кичево. Долгогодишните членови жестоко ги критикуваат како што ги нарекуваат ,,директорчињата’’ од СДСМ бидејќи покажувале сила, истиот член на СДСМ се пожали дека не трчал тој за партијата за сега тие лудило да покажуваат.

-Се молат директорчињата од СДСМ што ги поставивме да не покажуваат сила оти јас јавно пишувам некому, ќе му го заебам растот фала многу поздрав и до вас… Јас не трчав за вие лудило да покажувате ние ве ставивме ние мајката во пичка јавно ќе ви ја ебеме поздрав Ивица од Африка, напиша Ивица Мисајлески член на СДСМ од Кичево на својот Фејсбук профил.

Друг член пак истакна дека членовите на СДСМ се бореле машки и изгубиле многу, меѓу кои работи ги напоменува финансиите и времето и истакнува дека има и други работи кои ги изгубиле. Сега вели тој двојни, тројни играчи мислејќи на таканаречените сончогледи да имаат предности, а не долготрајните членови.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This