March 29, 2024, 11:45 am

„Ја следиме одблиску ситуацијата“: Франција и Германија загрижени од eckалација на ситуацијата во Донбас

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерствата за надворешни работи на Германија и Франција изразија загриженост за кршењето на примирјето во источна Украина и изразија поддршка за територијалниот суверенитет на Украина, се наведува во заедничката изјава на министрите за надворешни работи на двете земји.

„Германија и Франција се загрижени од зголемувањето на бројот на кршење на прекинот на огнот, откако состојбата во источна Украина е стабилна од јули 2020 година“, се вели во соопштението.

Берлин и Париз ја „следат ситуацијата“, особено движењето на руските сили и го поздравуваат продолжувањето на мандатот на набљудувачката мисија на ОБСЕ.

Министерствата за надворешни работи ја нагласуваат потребата од почитување на територијалниот интегритет на Украина и ќе продолжат да учествуваат во преговорите во „нормански формат“.

Да потсетиме, во април 2014 година украинските власти започнаа воена операција против Доњецката и Луганската народна република, кои прогласија независност по државниот удар во Украина во февруари истата година. Киев не ги признава ДНР и ЛНР и смета дека териториите на овие две републики се окупирани, а востаничките сили се терористички.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This