ЈА УБИЛ СОПРУГАТА ПА ВО ЖИВО СЕ ОБРАТИЛ НА ФЕЈСБУК: Сакала да му го земе синот, ја убил и се вклучил во живо на Фејсбук

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Медиумите пишуваат дека полицијата е информирана за злосторството бидејќи ќерката на раскараниот пар го пријавила инцидентот.

Абу Марван (41), бегалец од Сирија, во живо на Фејсбук го пренесувал моментот одкако до смрт ја избодел жена му на југозападна Германија.

На страшната снимка прикажан е 41-годишниот Марван како раскажува пред камерата, а на лицето и на рацето му се гледаат трагите од крв.

На снимката објаснил дека ја убил својата жена – од која бил разделен – бидејќи го избркала од куќата во која дошол за да се смири со неа.

„ Чао. јас сум Марван. Туку што бев со својата жена. Ме избрка од куќата и јас ја убив со нож. И реков: пушти го мојот син да живее со мене, но таа одби да го направи тоа, и сакаше да се обрати во социјалната служба. Тогаш и го зарив ножот едно 3-4 пати. Далие е мртва или жива, не знам. А овде е и мојот син. Тој сака да живее со мене. Само сакам да живеам со своите деца. Јас не сум криминалец, но ако некој не ви дозволува да живеете во мир, морате нешто да превземете

На своите пријатели на Фејсбук им кажа дека тоа го направил со цел да им прати порака на сите жени кои си „играат“ со своите мажи: „Вака ќе завршите и вие“.

Марван, е инаку по потекло од Сирија, обвинет е дека ја убил својата 37 годишна партнерка, пет пати ја избодел со нож во вратот. Тогаш истрчал со својот 12-годишен син, а потоа целиот крвав се вклучил во живо на Фејсбук, пишуваат локалните медиуми.

Полицијата го уапсила Марван во градот Карлсуре набргу по бегството од местото на злочинот, објавила „Al Arabiya English“.

Медиумите пишуваат дека полицијата била известена за злосторството од страна на малата ќерка, на раскараниот пар. Таа го пријавила инцидентот.

Во снимката која сега е тргната од Фејсбук, се гледа како Марван со крвавите раце си го допира лицето.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This