ЈЕЛЕНА ЖУГИЌ: Со Шилегов, Скопје само назадува- Градот ќе потроши над 6.5 милијарди денари, но нема слух за суштинските потреби на скопјани

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градоначалникот Шилегов, поддржан од владејачкото мнозинство во Советот на градот Скопје донесоа неразвоен, мегаломански и непродуктивен буџет. Градот Скопје ќе потроши над 6.5 милијарди денари, но нема слух за суштинските потреби на скопјани. Нема решенија за загадениот воздух, нема нови улици, а гасификацијата останува заглавена, истакна Јелена Жугиќ, Советник во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ.

-95 амандмани, од опозицијата, ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Подобра Македонија беа одбиени, со тоа градот Скопје и градоначалникот Шилегов одби да гради булевари, нови паркови, сообраќајни решенија и нема слух за решавање на проблемот со кучињата бездомници и нивниот хуман третман, нема средства за мерки за почист воздух, за почисто Скопје, нема никаква развојна компонента за културата во градот Скопје. Шилегов и владејачкото мнозинство на СДСМ одлучија да отфрлат и проекти кои самите си ги предвидоа во својата програма, практично тие не ја исполнуваат сопствената програма и ветувања што значи дека директно признаваат дека ја лажеле и манипулирале јавноста. Петре Шилегов и владејачкото мнозинство на СДСМ одби амандмани и не одвои средства за капитални проекти, рече Жугиќ и додаде:

„Граѓаните треба да знаат кои се проектите за кои Шилегов воопшто нема слух. Шилегов не прифати доизградба на булеварот Илинденска на потегот спрема Ѓорче Петров, иако тој го ветуваше во сопствената  програма. Шилегов не прифати довршување на булеварот Борис Трајковски од Пинтија до Драчево, нема ниту средства за градба на нова улица која ќе ги спои Аеродром и Кисела Вода. Не прифати зголемување на безбедноста на улиците Козле во Карпош и Булеварот Борис Сарафов во Ѓорче Петров преку поставување на дополнителна соодветна вертикална и хоризонтална сигнализација“.

СДСМ и Шилегов, подвлече таа, одбија предлог за поврзување на улиците Васко Карангелески со булеварот Трета Македонска бригада во Општина Аеродром.

-Тие не прифатија ниту реконструкција на булеварот АСНОМ кај ФФМ и предлог за проширување на булеварот Александар Македонски. Не прифатија ниту спортско велосипедска патека на кејот на реката Вардар и Лепенец во  Општината Ѓорче Петров. Нема пари ниту за нов мулти функционален спортски објект во Ѓорче  Петров. Не прифатија ниту нови улици во населените места Волково, Ново Село и Кисела Јабука. Нема пари ниту за нова пожарна станица во Кисела Вода за заштита на граѓаните од пожари. Треба граѓаните да знаат дека Шилегов и СДСМ отфрли изградба и на нов културен дом во Шуто Оризари. Се одбија и предлози за почисто Скопје и почист воздух во Скопје со што се покажа дека лажна е грижата на градот за чистиот воздух. СДСМ и Шилегов отфрлија и предлог за субвенции за плински уреди на автомобили со цел почист воздух. Нема ниту пошумување на патот на Водно кај Теферич, се отфрли и предлогот за градба на еко билборди за почист воздух во Скопје. Отфрлија и предлог за модернизација и проширување на стационарот Вардариште за хуман третман на животните, се отфрли и предлог за хумана стерилизација на кучињата бездомници, потенцираше Жугиќ и додаде:

„СДСМ и Шилегов отфрлија и предлог за реализација на проектот „Овошје во училиште“, бесплатен здрав оброк за учениците во Град Скопје, што ќе придонесе за здрави навики на нашите  најмлади. Се одби и предлог за реализација на фонд за стипендирање на млади таленти, ученици од основното, средното образование како и студенти од градот Скопје со што на младите кои покажуваат исклучителни способности, освојуваат медали, признанија како дома, така и во странство би им се овозможила финансиска помош да создаваат и творат дома и да ја промовираат Република Македонија. Се одби и предлогот за финансирање на невработени лица кои ќе работат како образовни персонални асистенти за лица со попречености кои посетуваат настава во средните училишта на градот Скопје. Гасификацијата на Скопје останува заглавена. Од вкупно 95 амандмани од Коалицијата за Подобра Македонија и ВМРО-ДПМНЕ не беше прифатен ниту еден. Беше прифатен еден амандман кој беше предложен од владејачкото мнозинство. За сите проекти кои ги предложивме ние имавме предлози од каде точно  да се обезбедат средства. Пари има, но волја нема. Се покажа вистинското лице на власта, недемократска и без крупни решенија за проблемите на скопјани“.

Со новиот буџет, според Жугиќ, ќе нема почист воздух, ќе нема нови булевари, и ќе нема позелени површини. -Нема решение на проблемот со кучињата скитници. Со Шилегов, Скопје само назадува.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This