ЈЕЛЕНА КАРЛЕУША ОТКРИВА: Мојата љубовна приказна е прекрасна и тро гателна

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Познатата брачна двојка, Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ скоро една деценија храбро чекорат низ животот – успешни, силни и реализирани. Пејачката не крие колку е горда на својот сопруг, а сега откри и како почнала нивната, како што вели, трог ателна и прекрасна приказна.

– Тој е некој што од најтешка можна социјална приказна ги допре ѕвездите. Израснал во дом бидејќи неговите родителите биле многу сиромашни. Рано почнал да тренира фудбал во Пролетер во Зрењанин. Тоа му претставувало бегство од домот. На 16 години беше купен од страна на ОФК Београд. Подоцна дознав од неговите пријатели од клубот дека сопчето во кое живеел било преполно со мои постери. На крајот на краиштата, тој се ожени со жената од постерите, и’ направи две деца. Тоа е прекрасна, трогателна приказна“, раскажа Карлеуша во едно свое интервју, истакнувајќи колку е среќна што покрај себе има маж кој ја поддржува и не ја кочи во ништо.

-Имав среќа покрај себе да имам добар и квалитетен човек кој не ми се меша и не ме кочи во ова мое лудило – истерување правдина. Само ми се тргаше од патот, но и ме вадеше кога ќе паднев во жестоки проблеми“, беше искрена пејачката.

Немав пари да си купам ниту чорапи

Пејачката Јелена Карлеуша денеска живее на релација Србија-Кина, бидејќи нејзиниот сопруг и фудбалер Душко Тошиќ потпиша милионски договор со фудбалски клуб токму од Кина, а сега планираат да купат и авион како би патувале полесно.

Меѓутоа, пејачката се присети на своите почетоци и откри колку и било тешко на почетокот на кариерата кога немала пари. Таа не крие дека на првото гостување отишла без чорапи, затоашто немала пари да си купи.

-Кога почнував во 95та, во момент на војна, морав да се снаоѓам, затоашто тоа што сакав да го носам, ниту можев да го носам, ниту имав каде да го купам, а немав ни како да го купам- беше искрена Карлеуша.

-Многу често немав да си купам ниту чорапи. И се сеќавам на моето прво појавување, имав страшна трема, а се појавив во фустан од сребро, позајмен матријал, а немав ниту чорапи.-открива пејачката во една емисија и додава:

-Имав страшна фризура, пренашминкана за девојка од 16 години. Излгедав 10 години постаро.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This