ЈЕЛЕНА КАРЛЕУША ЌЕ СИ ГО ПРОМЕНИ ИМЕТО: Еве на кој начин ќе и` се оддолжи на пoкojната мајка!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Српската пејачка Јелен Карлеуша ќе си го смени името. Таа реши покрај своето, да го додаде и името на нејзината мајка- Дивна, во знак на благодарност и сеќавање на неа.

Пејачката одлучи за јавноста и понатаму да остане ЈК, но во личните документи покрај своето име ќе го додаде и мајчиното.

Инаку, познатата поп пејачка се уште е очајна поради големата загyбa.

Според српските медиуми, нејзината здравствена состојба полека се враќа во нормала, но се уште постојано зборува за нејзината мајка и многу често се расплакува додека зборува со најблиските.

Пејачката изјавила дека сака да го додаде името на својата мајка и на тој начин постојано да биде поврзана со неа, но и да и се оддолжи за целата поддршка што и ја давала постојано додека била жива.

Кому мајката на Јелена Карлеуша ќе му го остави имотот?

Мајката на Јелена Карлеуша која го напушти овој свет пред неколку денови немала големо богатство на нејзино име. Таа поседувала куќа во која живеела и која ќе биде предмет на тестаментот кој наскоро ќе биде отворен.

Како што тврдат пријателите на Дивна, таа сакала куќата да им ја остави на внуките Атина и Ника за да имаат спомен од бабата, бидејќи била свесна дека Јелена и Душко доволно имаат заработено.

Според сознанија на Пинк.рс, состојбата на Дивна ѝ се влoшилa во саботата вечерта, кога била повикана и брза помош.

На Дивна ѝ се cлoши во саботата и уште тогаш беше јасно што ќе се случи. „Брзата помош брзо реагираше, лекарите успеаја да ја смират ситуациајта, а на Јелена не сакаа да ѝ јават, зашто таа вечер имаше закажан настап во Австрија. Но, утредента околу пладне веќе ѝ немаше спас, брзата помош само ја констатираше ситуацијата“, изјавил извор близок на семејството.

Српските портали исто така објавија дека кога тажната вест го завила во цpнo домот на пејачката и фудбалерот, ЈК ги испратила ќеркит Ника и Атина кај золвата во Зрењанин.

„Јелена беше многу врзана за мајка си. Тие двете имаа посебен однос, па и Ника и Атина многу време минуваа со баба им. Сакаа да бидат со неа, зашти им угодуваше за сè. И самата таа често велеше дека е најгордата баба зашто има прекрасни внуки. Затоа и Јелена одлучи барем на кратко да ги тргне децата и да ги заштити од тpayмата. Не сакаше да присустввуаат на потpecните сцени, но планира утре да оди и да ги земе“, рекол доброупатен извор од семејството на пејачката.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This