April 26, 2024, 12:59 pm

ЈОВАНОВИЌ ДОБИ ДИСЦИПЛИНСКА ОД ПАРТИЈАТА: „Левица“ го замрзна членството во партијата на заменик-министерот за финансии

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Партијата Левица пред два дена одлучила да му замрзне членството на Бранимир Јовановиќ, актуелен советник на министерот за финансии Драган Тевдовски. Од партијата го опишуваат како „апологет на штетните економски политики на Владата предводена од СДСМ“.

Јовановиќ минатата година поднесе неотповиклива оставка од сите партиски функции во „Левица“, а ја прифати понудената функција советник во Кабинетот на министерот за финансии.

-Но, по последниот развој на настаните – поврзани со носењето на серија крајно штетни економски одлуки кои не беа предвидени ниту во предизборната програма на владејачката коалиција – Президиумот, согласно интерниот Правилник за дисциплинска одговорност на членовите, одлучи привремено да го замрзне членството на Бранимир Јовановиќ во Левица, поради јавно застапување политики и ставови кои се суштински спротивни на нашата идеологија и на најважните основачки акти на партијата: статутот, платформата и политичка програма на Левица, велат од партијата.

Оттаму појаснуваат дека клучни за оваа одлука биле неколку владини мерки:

(1) Отворената законска „дупка“ за манипулација при исплатата на минималната плата, преку нерегулирањето на нормираниот учинок;

(2) Предлог-Буџетот на Министерството за финансии за 2018 год. којшто структурно не се разликува од буџетите на Режимот, кога министер за финансии беше Зоран Ставрески;

(3) Зголемувањето на ставката за патни трошоци на пратениците во Собранието на РМ и на другите избрани или именувани јавни функционери;

(4) Зголемувањето на цената на горивата, преку зголемување на акцизата;

(5) Намалувањето на т.н. еко-буџет за заштита на градовите од аерозагадување и за зачувување на животната средина и на природата;

(6) Укинувањето на даночните ослободувања за ситните земјоделци;

(7) Воведувањето на физичките лица, во најголем број прекарни работници и хонорарци, како ДДВ обврзници и сл.

Левица бара од министерот Тевдовски и од неговите советници, доколку себеси сè уште се декларираат за социјалдемократи, да престанат да ги празнат џебовите на работниците, за сметка на невоведувањето прогресивен данок со кој би ги опфатиле енормно високите приходи на олигарсите и на богатите.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This