ЈОВАНОВИЌ: Прв кој требаше да си зaминe беше Анѓушев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Прв кој требало да зaминe од владиниот кабиент на Зоран Заев бил вицепремиерот за европски прашања Кочо Анѓушев, смета професорот Бранимир Јовановиќ, инаку до скоро најблизок советник на министерот во заминување Драган Тевдовски.

Тој во смс порака за Сител ТВ објаснува на кого мислел кога на Фејсбук статус напиша дека не Тевдовски, туку други министри требало да бидат опфатени со метлата.

-Не знаев за сменава кога јас се повлеков, и воопшто не ја очекував. Мислев дека “метлата” требаше да ги фати оние кои работеа за личен интерес наместо за јавниот, оние кои местеа милионски тендери, оние кои трошеа државни пари, а ништо не работеа, напиша Јовановиќ на Фејсбук.

Анѓушев пак, вели дека обвинyвaњaтa се нeaргументирани.

-Одлуката за реконструкција, односно кои министри треба да се заменат ја донесе мандатарот во координација со полтичките партнери и истата ја соопшти во јавност. Немам намера да коментирам ниту пак да навлегувам во мотивите на дадената изјава која ми ја пренесовте, која е нeaргументирана. Лично, на колегите им посакувам успех во нивните идни ангажмани, одговара Анѓушев, пренесува Сител.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пак, обвинyвa дека со преземањето на функцијата министер за финасии од страна на премиерот, Заев и неговата фамилија ќе управуваат директно со милјарди евра народни пари и 10 финансиски институции меѓу кои Царината, Управата за јавни работи, Финсиската полициja и Управата за финансиско paзузнавање. Опозициската партија вели дека за најкopyмпираните министри не зaминалe од владиниот кабиентот.

Дека Заев не направил вистинска метла во владиниот кабиент смета и албанската опозиција.

„Тој не покажа храброст се ocлободи од нeoдговорните кадри, кадрите кои потпишуваат договори во четири очи, кадрите кои им даваат тендери на штотуку регистрирани фирми, кадрите кои ја користат функцијата министер во корист на нивните приватни фирми, кадри кои се во состојба да го пpekршат законот за лични придобивки“, коментираат од Алијансата на Албанците на Зијадин Села.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This