Поради влошената здравствена состојба на првоосомничениот Бојан Јовановски – Боки 13, возило на брза помош пристигна пред Апелација, а лекарски тим влезе во судот да му укаже помош, пренесува ТВ21.
Видно беше нарушеното здравје кај Боки 13 уште при пристигнувањето во одделот за организиран криминал и висока корупција. Тој и минатата недела се пожали на здравствената состојба, и рече дека е животнозагрозувачка, но Судот не му го укина притворот.
Јовановски денеска треба да дава исказ кај Вилма Рускоска за случајот „Рекет“.