April 16, 2024, 11:51 pm

Јовановски на средба со пазарџиите и дуќанџиите во Кичевската чаршија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кандидатот за градоначалник на Општина Кичево од ВМРО–ДПМНЕ и коалицијата, Александар Јовановски денеска имаше средба со продавачите на кичевскиот зелен пазар и со дуќанџиите од кичевската стара чаршија.Тој се интересирал за условите за работа, исплатливоста на оваа дејност, а ги слушнал и нивните забелешки и барања од изградба на современ зелен пазар и помали кирии за дуќаните кои поради намалениот промет во моментов се многу високи.
– Во текот на денешниот ден имав средба со продавачите на кичевскиот зелен пазар и со купувачите од градот, кои во тој период беа затекнати на овој пазар. Од продавачите ги слушнав нивните размислувања како да се подобри прометот и условите за работа. Поголемиот дел од нив побараа да се изгради современ зелен пазар, каде условите за работа како на продавачите исто така и на купувачите би биле далеку подобри, затоа што на овој зелен пазар со години речиси ништо не е инвестирано, истакна тој.
Јовановски посочи дека дуќанџиите во кичевската стара чаршија и се пожалиле за намалениот промет кој го остваруваат последните неколку години, што од друга страна го поскапува нивното работење.
– Тие потенцираа дека традиционално во Кичево, кириите се доста високи, што не одговара на остварениот промет и нивната рентабилност и се помалку е привлечно да се работи во објект под кирија, додаде Јовановски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This