Јовановски: Нe смeат да се прифатат нeприфатливи услови само за да почнат преговорите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот потпретседател на СДСМ, Зоран Јовановски со порака до актуелното раководство на партијата во врска со актуелната состојба со соседна Бугарија и ветото за почетокот на преговорите со ЕУ.

„Да не мешаме желба за членство во ЕУ и желба за следење на линијата на здравиот разум. Јас сум многу повеќе за членство во ЕУ од некои што денес за тоа се удираат во гради, но тоа мора да се случи на принципиелна основа, согласно европските вредности“.

Целта на евроинтегративниот процес е да се стане полноправна земја членка на ЕУ. Целта на евроинтегративниот процес не е само да се почнат преговорите со ЕУ.

Затоа не смеат да се прифатат неприфатливи услови само за да почнат преговорите. Процесот треба да започне чист, на принципиелна основа, согласно европските вредности, и да заврши чист.

Ако сега се прифатат неприфатливи услови само за да почнат преговори, со цел тоа да се прикаже како херојство, тогаш само ќе се одложи проблемот, ќе се префрли жешкиот костен на идните генерации да ги решаваат неприфатливите услови, со сите ризици на крајот воопшто да не станеме членка.

И притисокот веќе нема да биде врз соседот, кому денес никој во ЕУ не му ги прифаќа условувањата, туку ќе се префрли врз земјава. Јас се согласувам дека ова е време на храбри одлуки. Само би додал.

Храброста е во достоинството и принципиелноста“-вели поранешниот потпретседател на СДСМ, Зоран Јовановски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This