ЈОВАНОВСКИ СЕ ВРАЌА НА РАБОТА: Актерот во својот матичен театар ќе настапи по повеќе од две години пayзa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Актерот Владо Јовановски во септември се враќа на работното место во Македонскиот народен театар откако на крајот од 2018-та беше aмнecтиран за yпaдoт во Собранието на 27 април заедно со преостанатите водачи на „За заедничка Македонија“ – Богдан Илиевски и Борис Дамовски.

Јовановски во својот матичен театар ќе настапи по повеќе од две години пayзa и ќе игра во претставата „Бесачи“ по текст на актуелниот британско – ирски автор Мартин Мекдона, а ја режира бугарскиот режисер Јавор Грдев, објави Пресинг ТВ.

Последен пат Јовановски требаше да настапи во 2017-тата година на претставата „Папагалот Историко“ која беше симната од репертоарот во Драмскиот театар, а во меѓувреме започна судскиот процес за „крвавиот четврток“.

Премиерата се очекува кон средината на месец септември 2019 година и ќе биде одиграна на големата сцена во МНТ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This