ЈОВАНОВСКИ: СЈО успеа да наметне селективен политички прогон како во времето на комунизмот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СЈО е во служба на Заев и СДС, а не на законот и правдата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-СЈО имаше задача да конструира неиздржани политички обвиненија по нарачка на Заев. СЈО требаше со конструкциите да покаже дека сите се исти во политиката. СЈО требаше да го релативизира барањето на поткуп од страна на Заев кое го видоа сите граѓани. СЈО успеа да конструира политички обвиненија и преку притисоци врз судот издејствува неосновани одлуки да се одземаат пасоши само на функционери на ВМРО. СЈО успеа да наметне селективен политички прогон како во времето на комунизмот, но не успеа да ја намали поддршката на ВМРО меѓу народот, истакна Крсте Јовановски.

Народот, додаде тој, ги гледа антидржавните политики на СДС и Заев и знае дека ВМРО-ДПМНЕ е единствената алтернатива. Затоа Заев и СЈО се избезумени.

-Сега СЈО доби нова улога како да му помогне на исплашениот Заев. Треба да се вмешаат во претстојните локални избори. Тоа го прават на два начина. Преку поведување постапка против двајца членови на ДИК треба да испратат порака и да ги заплашат и останатите. Преку обвинение против пет судии за донесена пресуда, треба да ги изолираат нив, но и да ги заплашат останатите судии од Управниот суд дека Катица Јанева и Заев се семоќни во оваа игра се вклучи и судскиот совет кој потклекна на притисоците и без никаков аргумент им го одзеде имунитетот на судиите само затоа што суделе по закон и според сопственото судско убедување. Однесувањето на обвинителите во СЈО е незаконско и со секојдневното нивно постапување прават кривични дела. Власта на Заев нема да трае вечно. Со неговото заминување, ќе се врати правната држава, а секој индивидуално ќе одговара за незаконските постапни без разлика дали тоа го правел под притисок, подвлече Јовановски.

 

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This