April 19, 2024, 11:25 am

Јованчев со порака до државните институции од Тиквешкиот регион: Да не се обидувате да бидете купувачи на гласови на Зоран Заев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На почетокот на изборната кампања од името на општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци, Неготино, Росоман и Демир Капија сакаме директно и недвосмилено да им порачаме на сите раководители на државните институции од Тиквешкиот регион и од целото Повардарие да не се обидуваат да бидат купувачи на гласови на Зоран Заев. Ова особено важи за сите полициски началници и службеници кои беа дел од клиентелизмот на Оливер Спасовски. Ниту едно негово тапкање по рамо да бркате работа бидејќи тој стои позади вас нема да ви се исплати.

Ниту една синдикална функција, ниту пак фамилијарна блискост нема да ве заштити од кривичната одговорност ако бидете фатени дека вршите притисок и кампања додека сте чувари на редот и мирот на граѓаните.

Нашите општини се преплавени со мигранти, на чии криумчари крајно време еда престанете да им помагате. Истото се однесува и на сите вработени во јавнитепретпријатија, Македонски шуми со своите подружници, електрани на Македонија со своите подружници, сите општински претпријатија, градинки и училишта. Заев деновиве ги пушта низа вода и своите најблиски и најкрупни соработници. Затоа не се обидувате ниту да му помогнете.

Во спротивно секоја ваша уцена или закана, притисок за гласање ќе биде јавно објавена и пријавена пред органите на прогонот. Запаметете, Македонија не е Заевистан и затоа не го правите она што тој ви го кажува и она што тој ви го наложува.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This