April 20, 2024, 12:38 am

ЈОВАН ДОНЕВ: Ципрас ќе изгуби во Грција, Македонија ќе извиси за ЕУ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новата политичка ситуација во Грција ги разниша надежите за ЕУ. Откако политичката партија СИРИЗА на актуелниот премиер Алексис Ципрас ги изгуби изборите за Европскиот парламент, а се поизвесно е дека ќе ја загуби и трката за градоначалничките места во двата најголеми грчки бастиони, Атина и Солун, се топат надежите дека земјава би можела да добие поддршка од јужниот сосед за очекуваните евроинтеграции. За експертите, веќе е јасно дека на најавените предвремени избори во јуни, Ципрас ќе ја изгуби власта во Грција, пренесува Алфа ТВ.

Иако Грција веќе го ратификуваше протоколот за членство на земјава во НАТО, професорот Донев вели дека не е исклучена можноста, лидерот на Нова Демократија, Мицотакис, штом ја преземе власта да побара од своите сојузници во Алијансата, кои се уште не го ратификувале протоколот, да стават блокада за Македонија.

Со разлика од речиси 10 отсто во однос на СИРИЗА, најголемата грчка опозициска партија, Нова демократија е победник на вчерашните европски избори во Грција. Тие во Европскиот парламент добија 7 пратенички места, додека СИРИЗА доби место помалку – 6.

Опозицијата во Грција, освен на европските, во водство е и на локалните избори, а веќе од првиот круг доби пет грчки периферии. Нивниот кандидат за градоначалник води и во Атина, каде Нова демократија освои над 42 отсто од гласовите. Во Солун пак опозицијата води со над 22 отсто од гласовите, а владејачката СИРИЗА има едвај 13 отсто.

Неофицијално во Грција, како можен датум за предвремени парламентарни избори се споменува 30 јуни.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This