Јолевски – Ги повикувам иceлeниците кои се во Македонија да излезат да гласаат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Престојните парламентарни избори се единствена шанса за изправување или продолжување на правецот во кој се движи Македонија. Изборот на наредната извршна власт е клучно за развојот и растот на економијата. Излезност во голем број е особено важно бидејќи ќе ги потврди резултатите на граѓаните а воедно и ја намалува можноста за можна манипулација доколку нема кворум или доволно број на гласови.

Многу држави, вклучувајќи ја и Макдеонија, се моментално политчки поларизирани на сметка и товар на народот. Затоа народот има должност масовно треба да излезе да го даде својот глас за тие кои сметаат дека ќе ја водат државата во права насока во наредните четири години.

Иако оваа година можноста за глас беше одземена на голем број македонци ширум светот—право гарантинаро од устав на секој државјанин на Македонија—жителите но и тие кои се во можност да допатуваат до Македонија треба да го искористат и дадат своето право на глас. Голем број на држави овозмножат право на глас на своите граѓани кои живеат надвор од матичната држава. Дали преку пошта, електронски или во локални димпломатско конзуларни преставништва, голем број на држави имаат најдено различни решенија—безбедни решенија со кои е невозмножен фалсификат—за да овозмножат право на глас на сите свои граѓани подеднакво.

Во Македонија, за жал, се случува спротивното и се кратат правата на граѓаните во 21 век. Демократско опшество се гради со почитување и овозомножување на човекови и граѓански права, а не со одземање на право на глас.

Многу луѓе, вклучувајќи ме и мене, не се во можност да допатуваат во Македонија поради светската пандемија и затворените граници. Затоа се надевам, и ги охрабрувам, сите жители во Македонија и граѓани кои се на привермен престој во странство и се во можност да допатуваат до нивниот роден град да излезат на 15-ти јули и да го дадат својот глас. Со среќа на сите!

– Перо Јолевски

Шеф за Европа и лобиста во меѓународена консултантска компанија Блу Стар Стратеџис во Вашингтон, САД

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This