April 19, 2024, 12:34 am

ЈОЛЕВСКИ ИМАЛ СРЕДБА СО РОРАБАКЕР ПРЕД ИЗЈАВАТА: Министерот за одбрана се сретнал со конгресменот на САД кој бара поделба на Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за одбрана Зоран Јолевски, минатиот месец се сретнал со Републиканскиот конгресмен Дана Рорабакер, пред тој да ја даде изјавата за поделба на Македонија за албанската телевизија „Визион Плус“

jolevski-640x429

Состанокот се одржал на 2-ри јануари, неколку недели пред конгресменот од САД да ја испровоцира Македонската јавност со изјавата дека „Македонија е пропаднат проект“. Неофицијално, Рорабакер го информирал и Јолевски за овие негови позиции.

Дана Рорабакер, е конгресменот кој истакна дека „Македонија е неуспешен проект“ и дека „треба да се отворат опциите за поделба на државата помеѓу Албанија и Бугарија, а можеби и Косово“. Рорабакер е претседател на Комисијата за надворешни работи, задолжен за Европа. Рорабакер исто така бил помошник и на претседателот Роналд Реган.

Рорабакер со муџахедините од Авганистан
Рорабакер со муџахедините од Авганистан

Освен ова, конгресменот е и на листата на политичари кои добиле финансиска помош од „Албанската Лига“ во САД, од каде освен политичари се финансирале и терористичките групи на УЧК на Балканот, почнувајќи од 1998 година, па наваму.
donacii_kongresmen2
Истата таа албанска дијаспора, ги финансираше и партиските активности на Зоран Заев, а безрезервна поддршка му даде преку нивниот експонент Муса Љамалари.

donacii_kongresmen

Kако голем поддржувач на албанската кауза, Рорабакер еднаш има изјавено дека и „САД како и Kосово независноста ја извојувала со борба за самостојност“. Од тие причини тој поддржувал вооружување на Kосовската армија за ослободување, а познато е дека преку приватни канали софистицирано оружје преку Чикаго, а потоа и преку Швајцарија е дотурано на Kосово.

Рорабакер има важна улога и во Албанската американска граѓанска лига формирана во 80-тите од конгресменот со албанско потекло, Џозеф Диогарди, а во таа група покрај него е и Томас Лантош како дел од лобито за поддршка на Албанците во Америка и секаде на друго место.

Од Стејт Департментот изјавија дека САД не ја менува позицијата по однос на Македонија, и дека ја поддржува и гарантира безбедноста, унитарноста и територијалниот интегритет на државата, без разлика на изјавите на поединци како Рорабакер.

Министерот за одбрана Зоран Јолевски на сите средби што ги имаше во Вашингтон, како и секогаш, се залагал за територијалниот интегритет, суверенитет и унитарниот карактер на Република Македонија, наведуваат од Министерството за одбрана на реакција на прес-конференција на СДСМ.

Во неа потсетуваат дека министерот Јолевски, во 2008 година додека беше амбасадор на Република Македонија во САД го преговараше текстот Декларацијата за стратешко партнерство меѓу Соединетите Американски Држави и Република Македонија во која САД експлицитно го поддржува територијалниот интегритет и суверенитет, како и унитарниот карактер на Република Македонија.

– За време на последниот престој министерот Јолевски имаше средба и со заменик помошник државниот секретар Хојт Ји, и македонската јавност беше информирана од изјавата на портпаролот на Стејт Департментот, дека САД го поддржуваат територијалниот интегритет и суверенитет на Македонија, наведуваат во реакцијата.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This