April 26, 2024, 11:25 am

ЈОРДАНОВСКА: Многу е невкусно кога политичка партија излегува и коментира уредничка политика со етикети на лажни вести, без докази

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вчера во емисијата „Заспиј ако можеш“, новинарката Мери Јордановска посочи дека досега нема ниту еден документ приложен од истражувањето како медиумите работат под нечија палка како што обвинува власта. Многу е невкусно кога власта одредени медиуми ќе ги посочи дека работат против нејзе и шират лажни вести.

„Факт е, барем тоа можам да го кажам од ова истражување за кое што се зборува документи не видовме. Значи такви документи не се објавени, за било какви трансакции. И од таму се раѓа сомнеж колку е ирелевантно истражувањето итн. Дава некаков сомнеж, но меѓутоа да се смета тоа како факт, јас не би го сметала особено затоа што немаме дополнителни информации“, појасни Јордановска.

Јордановска додаде дека тоа што го говори власта не е доистражено во Македонија. Така што тоа што вели власта дека е факт, напротив не е факт бидејќи нема објавено документи и докази.

„Сега во истражувањето постојано се вели дека поседуваат документи новинарите, меѓутоа документи досега не видовме дека се објавени. И тоа е факт дека не се објавени документи“, истакна Јордановска.

Јордановска образложи дека за влезот на унгарски капитал има пишувано во мај, јуни 2018 година. Но СДСМ вели во истражувањето дека се црни пари, само тие го велат тоа, другите такво нешто не посочуваат.

Новинарите само пишуваат дека влегуваат нови сопственици и дека се Унгарци, а не дека се црни пари. Тоа не се единствени странци кои купуваат медиуми, се има пишувано и кога дојдоа Србите итн. Сопствеништво да се детектира на медиуми не е ништо страшно.

„Мене во овој случај конкретно ако зборуваме ние многу симптоматично и невкусно политичка партија кога излегува и кога не само што се повикува на истражување од странска држава каде што не се објавени документи, туку и тоа што се обидува да прави рецензија и да ја коментира уредувачката политика со етикети на лажни вести, пропаганда, забележа Јордановска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This