ЈОРМ ЗА 19 МИЛИОНИ КОИ НЕДОСТИГААТ ОД ПИОМ: Од сведокот Мила Царовска чекаме дополнителни докази

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Надлежен јавен oбвинитeл од Основното јавно oбвинитeлство Скопје денеска ја испита министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, која е подносител на kpивичната пријава против непознат сторител за kpивично дело – злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 од Kpивичниот законик која се однесува на невршење на распределба на осигуреници во вториот столб од пензискиот систем и неисплата на придонеси во приватните пензиски фондови.

-Во својот исказ таа изнесе одредени сознанија во врска со наводите во пријавата без притоа да посочи можен сторител на kpивичното дело со утврден идентитет. Надлежниот јавен oбвинитeл побара од подносителот на пријавата дополнително да достави определени материјални докази кои ги спомена во својот исказ, соопшти Јавното oбвинителcтвo на Република Македонија.

Основното јавно oбвинителcтво Скопје продолжува со преземање други дејствија за проверка на наводите во пријавата.

Надлежниот јавен oбвинитeл од Државниот завод за ревизија ќе ги побара изготвените извештаи за извршена ревизија во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во критичниот период, а на распит ќе биде повикан и претставник на Фондот за да даде свое појаснување во врска со наведеното во пријавата.

Претходно министерката Царовска изјави:

– Одговорно и отчетно постапувам со тоа што ја известувам јавноста и го информирам Јавното oбвинителcтво за сите сознанија, изјави таа откако денеска даде изјава во Јавното oбвинителcтво во врска со непрефрлање на придонесите во Вториот пензиски столб изминатите десетина години.

Царовска не сакаше да изнесе повеќе детали, бидејќи постапката е во тек, а во Oбвинителcтвото била во својство на сведок.

Поканата до Царовска доаѓа откако до скопското Јавно oбвинителcтво беше поднесена kpивична пријава од Министерството за труд и социјална политика против непознати сторители за неуплаќањето средства во Вториот пензиски столб на 12 илјади осигуреници.

Според изјавата на министерката Царовска дадена минатата недела, 19 милиони евра за пензиско осигурување во изминатите десет години не се уплаќани во Вториот пензински столб.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This