ЈОХАНЕС ХАН И КОЦКАРСКИОТ БИЗНИС СО СДСМ: Дали Јоханес Хан е доволно неутрален? – прашање кое го постави Попетревски, а остана неодговорено!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Речиси три години името на Јоханес Хан во Македонија редовно се споменува, како дел од т.н. меѓународна заедница задолжена за посредување помеѓу политичките партии во надминување на политичката криза. Но наместо разрешување, Хан и т.н. меѓународна заедница по се изгледа повеќе ја замрсија ситуацијата, имајќи во предвид дека токму по предлог на Хан беа потпишани двата Пржински договори кои на крајот не беа испочитувани токму од меѓународната, која неколкупати притискаше да се презакажат изборите првично предвидени во Пржинските договори

han_novomati

 

Околу поместувањето на датумот на избори кружеа повеќе информации, но главната теза е дека меѓународната притискала поместување на датумот, со цел да се обезбеди доволно време за да се организира албанската дијаспора која својот глас инструирано го даваше за СДСМ.

Но, кој е Јоханес Хан?

Хан својата кариера во Европската Унија ја започнува по заминувањето на Штефан Филе, чија позиција ја завзема. Претходно, бил член на Владата на Австрија каде што е обвинет за плагијат на неговата докторска дисертација, а околу неговото име гравитираат и голем број на афери во врска со неговата позиција како член на бордот на директори на „Новоматик“ компанија која се занимава со игри на среќа.

Пред две години, експонентите на опозицијата на големо зборуваа против Јоханес Хан, човекот кој денес со сите сили се обидуваат да го одбранат. Како што потсетува и екс-пратеничката Солза Грчева, во емисијата „Вин-Вин“ новинарот Васко Попетрески и Оливера Трајковска беа загрижени за „неутралноста на Хан“ поради неговата поврзаност со компанијата „Новоматик“ инаку сопственик на неколку казина во Македонија.

 

solza_grceva_han

„За жал, перцепцијата за тоа дека Хан можеби не е доволно неутрален, не е само медиумска шпекулација. Доаѓам од еден собир на кој имав шанса да разговарам со повеќе дипломати во Скопје. Денеска имало, еден од редовните координативни состаноци на амбасадори главно на земји членки на ЕУ, и еден од претставниците на една од влијателните земји членка, го поставил прашањето за неутралноста на Хан, поточно за неговите бизнис интереси во фирмата „Новоматик“. Оваа информација, со сигурност ви тврдам, е стигната до Хан, се ѕвонат телефони за да го разјаснат ова прашање. Но ако дипломат на влијателна земја членка си дозволил да го постави прашањето за неутралноста на Хан претпоставувам дека и ние сме тука некаде на вистинската трага околу оваа дилема“ – изјави Попетревски пред две години.

popetreski_han

Тогаш, експресно реагираа од канцеларијата на еврокомесарот, велејќи дека сите обвинувања се неосновани и дека не доведуваат до побрзо решавање на политичката криза.

Обвинувњата кои тогаш пристигнуваа од страна на опозициските мегафони беа во насока да се фрли сомнеж врз работата на Хан, односно дека еврокомесарот е повеќе наклонет кон ВМРО-ДПМНЕ отколку кон СДСМ.

Она што заборавија да го споменат, или не сакаа е дека Јоханес Хан бил дел од „Новоматик“ во периодот од 1997-2003 година. Период во кој на власт беше СДСМ, а „Новоматик“ инвестира во игрите на среќа во Македонија. Попетрески и Трајковска не прашаа кој од СДСМ му ја отворил вратата на „Новоматик“ за влез во Македонија, и дали обвинувањата на Васко Попетрески за неутралноста на Хан, важат и во случај да се докаже дека токму СДСМ е партијата која му излегла во пресрет на бизнисот на Хан?

Јоханес Хан, денес одби да се сретне со претставници на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, бидејќи сметал дека „народот е небитен, партиите да се научат да работат по платформи“, додавајќи дека во Македонија треба да се формира влада на парламентарното мнозинство, а со тоа сместувајќи ги Македонците во рамки на малцинство во сопствената земја.

 

 

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This