March 29, 2024, 11:31 am

ЈОХАНЕС ХАН ПЕСИМИСТ: Тешко дека земјите од западен Балкан ќе влезат во ЕУ до 2025 година

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премногу е амбициозно да се очекува дека Западен Балкан ќе влезе во ЕУ до 2025 година, констатира во денешното интервју за Дојче Веле, Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.

Хан е запрашан дали е реално да се очекува земјите од Западен Балкан (н.з. помеѓу кои е и Македонија) да се приклулат кон ЕУ, Хан вели:

Звучи и изгледа далеку, но би значело завршување на преговорите во 2023 година. Можно е, но звучи премногу амбициозно.

Шефот за проширување на ЕУ беше запрашан и за спорот со името. На прашањето колку тој се надева дека ќе биде постигнат договор меѓу Македонија и Грција за употребата на името „Македонија“, Хан одговори:

Јас сум сигурен дека во наредните недели може да има договор. Мислам дека сега тие се придвижија кон нова страница во нивните односи. Исто така унапредени се односите меѓу Скопје и Софија; тие сега направија договор за добрососедски односи. Мислам дека новата влада во Скопје прави добра работа. Исто така го ценам тоа што опозицијата сега е во многу поконструктивна, се врати во Собранието, учествува во политичкиот живот и посебно кон остварувањето на целта: Европската перспектива.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This