ЈОЦИ СЕ ОПРОСТИ ОД „ПИЛОТОТ“ СТОЈАНЧЕ: Јас и ти веќе немаме што да си кажеме – ти си спакувана роба со втиснат рок на траење

Поврзано

- Advertisement -

Збогум, генерале Стојанче Ангелов.

Те поздравувам со ова видео во кое не’ забавува Ana Kostovska со ,,Пинк Флојд” од една прекрасна вечер, пред 2 години. Кога никој немаше функција и не се ,,гребеше” за власт. Не продававме ,,муда за бубрези”.

И љубовта, чесноста, искреноста за мајка Македонија, беа ултимативни нешта кои лебдеа во воздух и без кои не се може.
Ние на маса наздравувавме со- ,,За Македонија”. Сите ние. Се сеќаваш ?
Затоа и Ана пее така убаво. Сосе Драган Влав, и првата ,,пратиља” до мене-директорон на Драмски, кој се гледа на видеото.

Јас и ти повеќе немаме што да си кажеме. Ни виртуелно, камоли во живо. Ти си сега на страната на она во кое не веруваше.
Со други зборови, се изгуби себеси, харизмата, убавиот невин детски лик, заради кој те обожававме. Ти си сега старец во пустина, без глас. Ти си ,,измесен”, пуштен во машина која те меле, спакуван со втиснат рок на траење.

Ти некогаш имаше срце за Македонија, а повеќе не. Ти беше ,,десничарот”, кој, не го вадеше од уста Тодор Александров и цела ,,десница” на врховистичко ВМРО, но и покрај тоа, во твојата борба за правда, те поддржаа ,,левите”, слободоумните, широките, големите срца, кога сите други бегаа од тебе.
И имено, тие, не сакаа да чујат за некојси Стојанче Ангелов, па дури и ти го земаа зборот на бина. Не ти дадоа да се обратиш на годишнината од протестите пред МРТВ.
Но, и покрај тоа, ти денеска седиш со нив на маса. Еден ден, повторно ќе ти го одземат зборот. Бидејќи, зборот не е твој, а никогаш и не бил изгледа.

Твое право. Мое право е да ти кажам дека јас повеќе не би те поддржала во ништо.

А, можеше да избереш поубаво вино, не вака лошо и скиснато. Можеше да избереш друг пат- весела душа, насмевка, громогласен тапан и пискава зурла, ко тој 5 април 2016, и да викнеш гласно, баш сега и овде – “Не, доста е. Ова не сум јас”.

Убаво нотира Ана на почетокот-,,све је то од лошег вина”.

Збогум, Стојанче.

…Did they get you to trade
Your heroes for ghosts?
Hot ashes for trees?
Hot air for a cool breeze?
Cold comfort for change?
Did you exchange
A walk on part in the war
For a lead role in a cage?…

Јорданка Ивановска-Јоци
Скопје, 3 јули, 2018

- Advertisement -

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This