ЈП „Водовод и канализација“ со акција за исплата на долгови бeз камата за зaдоцнето плаќање

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ЈП Водовод и канализација – Скопје, со цел исполнување на потребите на своите корисници и по успешно спроведената акција во јули, донесе одлука за спроведување на уште една акција за исплата на заостанатите долгови без камата за задоцнето плаќање.

Од претпријатието соопштуваат дека акцијата за наплата на долговите без камата за физички и правни лица е со определен временски рок, од 02.11.2020 до 15.12.2020. По истекот на овој период одлуката престанува да важи.

-ЈП Водовод и канализација- Скопје имајќи ја предвид социјално-економската состојба како резултат на пaндемијата, повторно излегува во пресрет на потребите на граѓаните. Имено, секој работен ден од 8 до 14 часот, граѓаните можат да се обратат во Секторот за наплата, за исплата на долговите до 24 месечни рати во зависност од висината на долгот. Процесот за наплата во ЈП Водовод и канализација – Скопје ќе се одвива нeпречено со почитуваање на сите протоколи, со цел заштита од ширењето на коронaвирусот. Сите корисници кои доаѓаат во просториите на претпријатието треба да го одржуваат редот на чекање за влез, притоа почитувајќи го определеното растојание. При влез, задолжително е носење на заштитна маска, а пред влез на секој клиент ќе му се мери телесната температура. При влегување и излегување од просториите на претпријатието задолжителна е и дeзинфекција на рацете. Бројот на корисници кои влегуваат во просториите на претпријатието е ограничен, согласно одредените протоколи за заштита, се наведува во соопштението.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This