April 26, 2024, 10:04 am

ЈП за државни патишта со реакција: Сите патишта постојано се чистат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не е точно дека Република Македонија е блокирана од снегот, не е точно дека има отсечени градови. Сите државни патишта постојано се чистат од снегот со целата расположлива механизација и на тој начин се одржуваат за сообраќај за сите видови возила, реагира Јавното претпријатие за државни патишта на обвинувањата од СДСМ.

cistenje-sneg

– Се чини дека само СДСМ е слепа на временските услови што ја зафатија цела Европа. Институциите во Република Македонија останаа на висина на својата задача создавајќи услови за одржување на сообраќајот на сите државни патишта. Оваа година средствата за зимско одржување на патиштата е во висина од околу 390 милиони денари, што е значително висока сума во споредба со средствата кога СДСМ беше на власт, се наведува во реакцијата.

Јавното претпријатие за државни патишта нагласува дека институциите ќе продолжат и во наредниот период деноноќно да излегуваат на терен и да ја извршуваат работата со целата своја механизација за да обезбедат непречен и безбеден сообраќај

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This