ЈУНКЕР СО СКАНДАЛОЗЕН ПРЕДЛОГ ОД ЦРНА ГОРА: Треба да се следи примерот на Црна Гора, во која владата го тепаше народот кој протестираше против НАТО

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер и честиташе на официјална Подгорица за односите кои ги има со соседите и порача дека Црна Гора може да послужи како пример за останатите земји од Западен Балкан.

Во рамките на својата балканска турнеја на која ја промовираше Стратегијата на ЕУ за проширување со земјите од Западен Балкан, Јункер ја посети Црна Гора, каде се состана со премиерот Душко Маркович.

,,Со која брзина ќе се исполнат задачите на Стратегијата зависи од држава до држава. Не дојдов во Црна Гора да делам празни ветувања, датумот за влез во ЕУ зависи само од вас. Тој датум кој се споменува , 2025 година е само перспектива кон која треба да се движите со брз чекор’’ вели Јункер.

Прашањето останува дали примерот кој Црна Гора го дава на Балканот воопшто е добар? Да се потсетиме дека при зачленувањето на Црна Гора во НАТО и покрај масовните протести и несогласувања на граѓаните за влез во овој милитаристички сојуз во Црна Гора не беше спроведен референдум. Не може да се заборави и фактот дека во Црна Гора веќе со години владееше еден ист режим на чело со Милан Џуканович поддржан од Западот. Имено Џуканович пред се е воен профитер и еден од најголемите шверцери со цигари на Балканот. Токму овој ,, голем демократ’’ насилно ја внесе Црна Гора во НАТО без притоа да го праша народот на референдум. Референдумот кој треба да биде основа на непосредната демократија во едно општество. Референдумот кој би требало да е основа на европските вредности. За вакви клучни прашања од државен интерес референдумот мораше да се спроведе за, но им беше забранет на црногорците. Дали ова е примерот кој Црна Гора треба да го даде на таканаречените земји од ,, Западен Балкан’’?

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This