April 25, 2024, 10:36 am

Јутубер им ја дал својата кредитна картичка на случајни минувачи, да потрошат колку што сакаат/ Видео

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Џими Доналдсон, попознат како Мистер Бист, инаку еден од најпознатите и популарни американски јутубери на случајни минувачи им ја дал својата кредитна картичка и им рекол да потрошат колку што сакаат пари. Во случај да потрошат повеќе од лимитот на картичката, ќе морале да вратат се. Но немало лимит.

Јутуберот Мистер Бист, се истакнува пред се, со својата филантропија. Минатата година беше еден од придвижувачите на најголемата акција на платформата, кога беа собрани повеќе од 20 милиони долари за садење 20 милиони стебла.

На јутуб го следат повеќе од 29,5 милиони луѓе, а сите негови снимки обично завршуваат во трендови.

И интересниот социјален експеримент кој се одвиваше пред неговите очи стана вирален, а за неколку дена беше погледнат од над 16,5 милиони луѓе.

Некои од приказните од снимките беа и трогателни (еден од луѓето што ја доби картичката купи подарок за болната мајка), а на многумина им беше интересно да гледаат како луѓето калкулираат што би претпочитале да купат, без да знаат дека картичката нема лимит.

„ОВА Е НАЈЛУДОТО НЕШТО ШТО МИ СЕ СЛУЧИЛО НЕКОГАШ„, „НЕ МОЖАМ ДА ПОВЕРУВАМ“, БЕА НЕКОИ ОД РЕАКЦИИТЕ НА ЛУЃЕТО ШТО ЈА ДОБИЈА КАРТИЧКАТА.

Мистер Бист доби бројни пофалби за својата снимка, а многу негови фанови веќе се прашуваат со што ќе изненади следно.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This