ЉУБЕ, НЕ ЛАЖИ: Парите што ги земаше за кампања од „човекот“ ги потроши за реновирање на хотелот во Бале

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По многу години, конечно, со голема трема и страв знаејќи дека се што ќе каже ќе излаже се појави и човекот кој со еден „човек“ за 150.000 евра договараше дека ќе притискал за промена на името, и дека Љубчо бил лигуш. Истиот тој Љубчо со кого сега коалицира, а до 2002 година од сенката му се плашеше

ljube_lazgo

Нема да навлегуваме во вистината за „Раштански Лозја“, во вистината за предавството на Јохан Тарчуловски, во нелегалната трговија со опрема и оружје, за соработката со редица припадници на подземјето, за вистината за редица нарачани убиства токму кога беше министер.

Ќе се задржиме на вистината со понудата за промена на името.

Тој човек, кој во три наврати го снабдуваше со средства демек за кампања беше под импресија и уверуван од страна на Бошковски дека откако СДСМ ќе победеле на избори, Бранко Црвенковски ќе ја отстапел премиерската фунцкија, а потоа СДСМ како мандатор ќе го номинирале токму него како Претседател на Владата. А, тој од таму ќе направел се за промена на името.

Оваа идеја во главата на Љубе му ја ставија Црвенковски и амбасадорот на САД Филип Рикер. И човекот беше убеден во тоа.

Парите пак, еднаш 10.000, еднаш 20.000 и на крајот 100.000 евра токму Бошкоски наместо за финансирање на кампањата (дури и нелегално) ги потроши на реновација на хотелот кој го поседува во Бале, Хрватска но и за реновирање на вилата во неговото родно Челопек.

Сеуште има десетици бизнисмени кои не можат да си го наплатат долгот за неговата кампања, се уште има стотици членови (меѓу неколкуте илијади кои се вратија во матицата ВМРО-ДПМНЕ) кои беа излажани од неговиот патриотизам. Човек кој бил спремен да ја продаде државата, името, идентитетот. Човек чие вистинско лице го знаат токму оние од тетовско, но и оние кои имаа потреба од оружје и опрема, а не беа припадници на МВР и АРМ. Парите ги зема, партијата остана презадолжена.

Дента, кога Љубе Бошкоски беше уапсен, ниту знаел дека некој нешто му спрема, ниту пак бил под било каква закана. Никој не му се заканувал.

Точната верзија е дека, додека бил присутен на состанок со потесното раководство ден по поразот, добил телефонски повик, по кој истрчал, видно возбуден и насмеан со порака „веднаш ќе се вратам, па да се почастиме“. Се врати по шест години, и остана сам.

 

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This