ЉУБЕ СО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА РОЧИШТЕТО: Кој дојде да го „брани“ Љубе од „алфите“ на рочиштето за незаконско финансирање на кампања?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Љубе се врати на политичката сцена со своето алтер его и добро познатиот шешир. На денешното рочиште за случајот на СЈО ,,Тортура’’ во кој е обвинет поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков и алфите кој го приведоа Љубе Бошковски за незаконско финансирање на изборна кампања, Бошковски покрај шеширот го понесе своето обезбедување.

Во неговото обезбедување може да се препознаат голем број на лица со сомнително минато меѓу кои обвинети за убиство, рекет и поткуп. На фотографиите може да се забележи Зоран Инчевски поранешен вработен во МВР кој е избркан од работа поради барање поткуп. Дел од неговото обезбедување е и Горан Ашканин, Ашки обвинет за повеќе кривични дела помеѓу кои насилство, измама, тепачки итн. Меѓу обезбедувањето може да се забележат и Сашо Јовановски викан Тупан и Зоки „Филмот“ и двајцата осомничени за убиство на Маријан Тушевски.

Имено поранешниот министер на МВР за време на конфликтот во 2001, беше обвинет за незаконско финансирање на својата кампања, а во јавноста остана запаметено видеото на кое тој од грчки државјани зема 100 илјади евра за возврат на експресна промена на уставното име кога ќе стане премиер.

 https://www.youtube.com/watch?v=1BTgwcq7bz4

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This