ЉУБИША ГЕОРГИЕВСКИ ЗА ПОСТАПКАТА НА ЗАЕВ: Човекот дипломатски неписмен, префрлувањето на вината врз Македонија е „салто мортале“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот претседател на Собранието Љубиша Георгиевски во гостувањето во „Топ Тема“ на Телма телевизија откри кои се вистинските причини за не потпишувањето на договорот за добрососедски односи, односно дека токму најспорниот детал во тој документ е проблемот кој Бугарија го има со македонскиот јазик.

Според Георгиевски за време на неговиот четири годишен амбасадорски мандат се смениле четири различни министри од исто толку политички провиненции и сите без исклучок биле за почнување на преговори и за договор со Бугарија за добрососедски односи.

Инаку тој изјави дека во дипломатските кругови е добро познато дека секоја ново настаната држава треба да потпише мировен договор со своите соседи.

Токму ваков драфт документ е направен уште во времето кога господинот Георгиевски е амбасадор во Софија и тој лично има работено на овој драфт документ.

Ист драфт документ е документот кој е ставен на маса и денес, заедно со спорната точка, како што рече Заев ,,една мала ситница’’ , а тоа е јазикот. Ова релативизирање на проблемот со јазикот, вели Георгиевски се должи на дипломатските непознавањата на новиот премиер.

Тој иронично го обвини својот соговорник за бугарски пропагандист од редовите на СДСМ. Според него смешна е оваа пропаганда која доаѓа од СДСМ.

-Вие незнаете со кого има работа. Од каде сега ние сме виновни за бугарската политика кон Македонија. Тоа е салто мортале. Ама повеќе мортале него салто. Верувајте дека тоа ќе се покаже многу скоро. Мене ми е многу жал што тој договор повторно нема да се реализира бидејќи ги читам овие знаци. Да ве фатат за уво за да се поклоните пред споменикот на Цар Самоил. Што не го фатија Бранко Црвенковски така за уво. Јас лично ја организирав неговата посета. Не се фаќа секој за уво. Што не ме фатија мене?’, вели Георгиевски.

Виткањето за кичмата во спорот со Бугарија значи губење на македонскиот јазик. Следен чекор е виткањето на кичмата во спорот со името и промена на уставното име Македонија.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This