ЉУБОВНАТА ПРИКАЗНА НА РОСАНА И ТРПЧЕ: Ми го украде тефтерот и го запиша неговиот број!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На седми мај годинава, Росана Сариќ- Тодоровска и Ѓорѓи Тодоровски- Трупче ќе слават јубилеј, 30 години од свадбата. Нивната љубовна приказна, започнала во 1988 година, а актерот на многу необичен начин се обидел да ја освои фолк-пејачката. На денот на љубовта и на виното, Росана и Трупче за Женски магазин раскажаа дел од својата љубовна приказна.

„ Се сретнавме случајно, на едно снимање во Македонската телевизија. Јас не паметам, Трупче вели дека било во 1988 година. Во тоа време, секаде со мене го носев тефтерот со сите запишани броеви. Без да видам, тој кришум ми го украл тефтерот и го запишал својот број во него. Се запишал под буквата Т, Трупче, а јас ни на крај на памет да видам. А и да видев, сигурно дека немаше да му се јавам, како и секоја жена и јас сум по малку горда“, се присети Росана на почетоците од нивната љубов.

Росана и Трупче со ќерката Ивана и со зетот Џејмс

Ѓорѓи додава дека ја очекувал да го побара, но без оглед што тоа не се случило, тој се надевал на нова средба со Росана. Желбата му се исполнила многу брзо, на еден караван на „Детска радост“, на кој тој бил во улога на актер и на промотор на книги, а Росана настапувала со Маријана.

„ Од таа турнеја за која велам дека е судбинска, почнавме интензивно да се дружиме. Јас глумев во детска претстава, промовирав книги, а Росана пееше. Дружбата за кратко време ни орерасна во љубов, а веќе следната година и во брак“, открива Трупче. Росана пак се сеќава на нивната свадба, на 7 мај во 1989 година.

„Едвај го натерав Трупче да облече костум и пеперушка. До тогаш, тој беше познат како човек кој не излегол од фармерки, но ме послуша и се дотера. Јас не сакав да носам бело, немав класичен невестински фустан, носев розово. Беше многу романтично. Немавме класична свадбарска музика, туку акустична, со виолини, гитари, мандолини. Свадбата беше во тогашно „Езерце“ и беше многу романтично“, се сеќава Росана. Во овие триесет години колку што се заедно, за неа а најважно што останале истите Росана и Трупче, како што вели.

Внукот Ноа кој наполни 7 месеци е нивната најголема радост

„Имавме и успони и падови. И кога сме имале и кога сме немале, се трудевме да ги сочуваме човечките вредности и скромноста на која ја научивме и нашата ќерка Ивана. Некогаш се прашувам дали е тоа добро или лошо, но Ивана израсна во прекрасна жена, одговорна мајка и добра сопруга“, вели Росана.

„Трупче беше сѐ, и мојот телохранител, и мојот возач и мој менаџер, додека бев активна со пеењето. Секогаш и во сѐ сме заедно“, раскажува Росана и низ насмевка додава дека како и секоја двојка и тие се привлекуваат во спротивностите.

„И двајцата сме големи перфекционисти. Тој знае да биде поупорен од мене, потврдоглав, во многу ситуации тој сѐ најдборо да мисли дека знае. Во многу ситуации и јас нему, но и тој на мене ми го докажал спортовното. Јас сум побрзоплета, побунтовна, тој е посмирен. Ние сме како минус и плус, а се знае дека минусот и плусот се привлекуваат. Најважно за мене е што Ѓорѓи е одличен домаќин, некогаш и претерано се грижи за мене, што знае и да ме иритира“, низ насмевка вели пејачката.

Најголемата гордост на Росана и на Трупче е внукот Ноа, од ќерката Ивана и од зетот Џејмс, кој наполни седум месеци. Нејзиниот совет за успешен брак е : „Или ќе се прифатите со партнерот какви што сте, или ќе имате проблем. Успехот во сите нешта го прават двајца“, вели Росана за крај.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This