ЉУБОВТА ЗА ТЕНДЕРИ ЌЕ СЕ КРУНИСА СО ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ: Консензуален кандидат на ДУИ и СДСМ најверојатно сценарио!

Поврзано

- Advertisement -

Коалицоната љубов од интерес ќе се круниса во заеднички претседателски кандидат- партнерите не демантираат децидно, а поситните владејачки партнери се погласно шепотат: премиерот ќе биде консензуалниот кандидат за шеф на државата, објави Алфа.
Дали воопшто сме спремни за ваква концепција?

- Advertisement -

Марија: дека не ни знаеме што е конселзуален кандидат, дека ние не сме холандија

Македонија треба да е зрела пред се за одржување на фер и демократски избори. Тоа е приоритет кој мора да го одработат партиите, а не да се обидуваат индиректно да ги менуваат модалитетите при избор на претседател на државата. Всушност што е тоа консензуален кандидат? Кандидат за кој се договориле две партии и два политички лидера? И тие при договарањата ќе си имаат некакви дилови за кои избирачите ќе дознаат отпосле? Прашува Главниот и одговорен уредник на „Скопско ехо“, Антонио Спасев.

Македонија е разделено општество, и не одговара на моделот на консензуална демократија што претпоставува поделба во четири блока кои се во баланс, односно имаат подеднаква политичка моќ. Во Македонија албанската заедница нема иста политичка моќ со македонската ниту пак имаме разделеност под друга основа внатре во заедниците. Во други консензуални демократии каде што ова е успешен модел, како соодветен пример би била Холандија, смета Марија Ристеска, директор на Центарот за истражување и креирање на политики.

Каде ќе не одведе ова ново хибридно решение? Дали е ова гаранцијата за владиното „едно општество за сите“?

Ова ми е по малку силување на демократијата. Доста е со измислување на хибридни решенија. Досегашната изборна пракса и регулатива си е добра. Секој може да стане претседател на државата, само нека излезе со добра програма, нека излезе под македонското знаме и нека стои на македонската химна. Ќе биде изгласан и тоа консензуално, независно што е по националност, нагласува Спасев.

Македонија би требало да предвиди реформи во својот политички систем кои што водат кон интеграција на заедниците во земјата, и тука го гледам планот на Владата за градење на едно општество како една влезна точка. Треба да се напушти идејата за консензуален претседател и да се поттикне идеја за избор на претседател на сите граѓани кој што ќе биде интегративистички кандидат, и ќе понуди обединување на сите граѓани во едно општество – моделот што го промовираше Владата, нагласува Ристеска.

Сите планови на власта се дискутабилни, ако се погледнат анкетите, односно пораснатите бројки на луѓе кои не сакаат веќе никому да веруваат- па можеби одберат да не излезат на гласање. Лесно видливо е дека спасот можеби ќе се бара во ново намалување на цензусот, а евентуалниот консензуален победник ќе побрза да ги извади од џебот ветата на Иванов и да аминува закони кои народот ги бојкотираше. Дали е тоа правиот пат или е крив правец?

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This