ЉУБОВТА ПРАВИ ЧУДА: Марко Новески воодушеви со своето добро дело!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Оригинален во својата појава, темперамент, харизма, карактер – ТВ и радио водителот Марко Новески како и многупати досега кај своите следбеници и пријатели предизвика позитивни ракции со своите дела.

Познато е дека е голем поборник за чиста околина, разумно однесување во сообраќајот, но и грижа за животните, особено напуштените и болните.

Па така, овој пат на својот Фејсбук профил уште еднаш предизвика доста коментари за делото кое го направи со едно беспомошно и болно кученце. Воден од својата голема љубов за животните, тој не можел да го игнорира и остави беспомошното болно животно, кое пред една година било на работ на cмpттa на улица.

Денес , по една година црното болно кученце по име Кори е здраво, излечено и претворено во прекрасно крзнено милениче кое Марко го објави и напиша:

Кори 1 година подоцна. Се најдовме пред точно 1 година и од тогаш сме на лудо патување.
Голема благодарност до сите што ми помогнаа, напиша Марко и во објавата ги допиша и оние здруженија за животни кои му помогнале во добро дело.

За приказната со среќен крај доби многу пофалби од пријателите и следбениците кои му напишаа многу коментари од типот дека заслужува наклон до под за делото и резултатот кој го постигнал со својата љубов, грижа и посветеност.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This