ЉУБОВ ИЛИ КОРИСТ: Разликата од 53 години воопшто не им пречи!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Милојко Божиќ (74) од Пилатович и Милијана Богдановиќ (21) од Лучане се најинтересната двојка во Србија во последните неколку дена. Разликата од 53 години воопшто не им пречи, иако сите се чудат околу нив.

Во последните денови тие се во потрага по венчаница и додека одат по улиците на Пожега, честопати ги слушаат грдите коментари на случајните минувачи, но не се премногу загрижени заради тоа, пишува српскиот Курир.

Кога Милијана се родила, Милојко веќе го завршил својот работен век во Белград и се преселил во своето родно место за да ужива во пензијата.

„Свадбата е закажана за 7 септември и нестрпливи сме да ја крунисаме нашата љубов. Прво, ме привлече неговиот физички изглед. Не ми се допаѓаат млади момци, постари ми се допаѓале отсекогаш. За неговата возраст тој, реално, изгледа одлично. Не ми е гајле кој што мисли и зборува, Милојко го познавам целиот мој живот, ние сме соседи и јас доаѓав кај него за да му се најдам кога беше болен, тогаш и се роди нашата љубов“ вели Милјана за порталот Рина.

Свршеничкиот прстен
„Го познавам уште кога бев мала. Кога имав 17, односно неполни 18 години остваривме поблизок контакт и почнавме да се дружиме. Бевме околу година дена во врска. Кога се шетавме заедно, сите гледаа во нас, беше чудно. Приказната одекна како aтoмcкa бoмбa. Потоа се разделивме, не знаев зошто. Не сакав да се јавам, а ни тој. Потоа се случи да треба да оди на опеpaциja на срцето, да му стават бајпас. во тој момент немаше никој покрај него да му помогне. Му се понудив радо, без никакви обврски, пријателски, да му ја потсуредам куќата, да направам ручек. но не можев да ја издржам неговата близина, се роди љубов“, вели младата девојка.

По неговата опеpaциja што се случи минатиот декември, ништо повеќе не можеше да ги раздели. Тие сакаат да имаат деца, но сѐ уште не се договориле колку.

„Многумина мислат дека сум со него од интерес, но нашата врска е најнормална. Немаме проблем да кажеме и дека неговиот вкупен приход е 50.000 динари. Ние двајцата сега живееме во нашата дрвени палата, тука ќе го поминеме зимото, а оваа пролет ќе почнеме со реновирање на куќата, која мојот Микан ја изгради многу одамна, но која е потполно нормална, нема никаков луксуз во неа“, вели девојката.

Милијана додаде и дека сака да придонесе за нивниот домашен буџет, па планира да си најде работа. „Јас го завршив моето четиригодишно училиште, техничар за заштита на животната средина, но не барам работа според професијата. Јас не се срамам од работа, можам да работам и во некој бутик или кафулe”, вели таа. Милојко пак, додаде дека тој се заљубил поради нејзината добрина и убавина.

„Не ги читам коментарите на Фејсбук, тоа повеќе го прави Милијана. Коментираат луѓе што не нé познаваат и немаат никаква врска со нас, ми прават проблем, посебно жените“, вели Милојко осудувајќи ги негативните коментари. Тој од првиот брак има три деца постари од Милијана – по 40, 35 и 30 години, како и внуци кои имаат 13 и 11 години.

Тоа дека се модерен пар, дека ги следат трендовите и уживаат во животот, и покрај големата разлика во годините, сведочат и нивните профили на Инстаграм, каде редовно објавуваат интересни фотографии од заедничкиот живот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This