ЉУБОВ КОЈА ТРАЕ СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Николај има 96 години, Ана е две години помала, овој брачен пар прослави 70 години брак

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Канцеларијата на матичарите во Томск приреди прослава по повод седумдесетгодишнината од заедничкиот живот на жителите на овој сибирски град, брачниот пар Јурјеви, 96-годишниот ветеран од Втората светска војна Николај Николаевич и неговата две години помлада сопруга, просветниот работник Ана Степанова.

 

 

 

Брачната двојка во салата на Палатата за склучување бракови во Томск со звуците на Невестинскиот марш од Феликс Менделсон. Тие повторно си разменија венчални бурми и одиграа свадбен валцер.

Се запознале 1949 година во Асин во Томската област. Се венчале една година подоцна. Израснале две ќерки и две внучиња, а сега помагаат во гледањето на четирите правнучиња.
Николај Николаевич заминал на фронт 1942 година, учествувал во борбите на Воронешкиот фронт, во битката за Сталинград и во ослободувањето на Белорусија. Бил ранет. По војната работел на оперативни функции во Томската управа на КГБ на Советскиот Сојуз.
Ана Степановна цел живот се занимавала со педагошка работа.
Имињата на сопружниците Јурјеви влегоа во Почесната книга на годишнини во Томската област.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This