Љубомир Јовески вети дека ќе го дoвpши дeлoтo на Катица Јанева

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска стапува во сила новиот Закон за јавно обвинителство.

Обвинителството нема да ја повтори грешката, кога заради непостапување по конкретните случаи се формира СЈО. Поради тоа, ве уверувам дека овие предмети ќе добијат завршница, вели државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, во интервју за МИА, по повод стапувањето во сила на новиот Закон за јавно обвинителство.

Со тоа, Јовески практично вети дека ќе го доврши не/делото на првостепено осудената Катица Јанева.

„Предметите на СЈО, Јавното обвинителство ги презема за да продолжат постапките и сторителите на кривични дела да ја добијат заслужената казна. Обвинителството нема да ја повтори грешката, кога заради непостапување по конкретните случаи се формира СЈО. Поради тоа, ве уверувам дека овие предмети ќе добијат завршница“, вели Јовески.

И покрај тензиите со кои беше проследено неговото донесување во февруари, Јовески не очекува опструкции во неговата примена.

„Не гледам причина за тоа. Досега јавното обвинителство честопати беше мета на политички препукувања. Законот за јавно обвинителство, чија имплементација ја започнуваме, дава добра основа за јакнење на институцијата и професијата. Силно јавно обвинителство е потребно на нашето општество, на сите нас, на државата. Владеење на правото е темел на секоја демократија и еднаквост на граѓаните“, вели Јовески во интервју за МИА.

Експертската јавност, новиот Закон за ЈО го протолкува како закон со кој се амнестира Заев и функционерите на СДСМ од натамошното процесирање на нови бомби т.е. прислушувани разговори. Отсега, тие ќе биудат само индиции, но не и како досега – основа за обвинение. Во превод, бомбите си ја завршија работата и ја исполнија целта за која и беа пуштени во оптек – смена на власта за промена на името, Уставот, па ќе ги пензионираат.

Оваа јавна тајна деновиве во момент на искреност ја потврди и Артан Груби, кој призна зошто Заев бил донесен на власт.

Прашањето во јавноста е дали со нив ќе се пензионираат на 15. јули и оние кои ги лиферуваа во минатото?

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This