ЉУБЧО ПОВТОРНО НА МАСА ЈА ИЗВАДИ КАРТАТА СО ГРАНИЦА КАЈ ГРУПЧИН: Љубчо, Љубе и Стојанче во кампања со картата за поделба на територии!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ВМРО-Народна партија го поздравува овој договор и ваквиот цивилизациски начин на разрешување на проблемите во церемонијална атмосфера

ljube_ljupco

ВМРО-Народна партија со голем интерес ја проследи веста за размена на територии помеѓу државите членки на Европската унија, Белгија и Холандија. Како што пренесоа медиумите во перфектна атмосфера и на свечен начин беше објавена веста за постигнатиот договор што претставува претставува единствен пат за разрешување на меѓународни спорови околу погранични територии на задоволство на двата народи.

ВМРО-Народна партија го поздравува овој договор и ваквиот цивилизациски начин на разрешување на проблемите во церемонијална атмосфера.

„Очекуваме во иднина секогаш да се применуваат исти принципи за брзо решавање на споровите околу територијалните поделби меѓу државите со што ќе се избегнат воени конфликти кои можат да бидат кобни по безбедноста, стабилноста и мирот во регионите и светот.

ВМРО-Народна партија не може а да не ги потсети граѓаните дека во не така дамнешно време во Република Македонија имаше луѓе кои беа со далеку – визионерски сфаќања, пред сите останати тогашни актуелни политичари, околу решавањето на спорни прашања од сличен карактер. Како што гледаме тогаш тие луѓе апсолутно биле во право дека единствено ваквиот начин на разрешување во некое идно време ќе го применуваат и најцивилизирано-развиените демократски држави“, се наведува во соопштението на ВМРО Народна партија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This