ЉУБЧО ЃОРГИЕВСКИ КУРТУЛИ КРИВИЧНО ГОНЕЊЕ ОД СТРАНА НА СЈО: Поради застареност на делото Ѓоргиевски иземен од новиот случај на СЈО „Поштенска Банка“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во новата истрага на СЈО кога е отворена денес, меѓу осомничените лица е и поранешниот премиер Љубчо Георгиевски, но тој нема да биде кривично гонет бидејќи за него, како што соопштуваат од СЈО, кривичното дело е застарено.

Специјалното јавно обвинителство отвори нова истрага под кодно име „Поштенска банка”. Станува збор за финансиска истрага, во рамки на која, три од осомничените девет лица се приведени пред судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1.

Истрагата опфаќа повеќе поврзани настани за сторени кривични дела – перење пари и други приноси од казниво дело и со неа се опфатени девет лица и тоа: Коле Смилевски, Томе Главчев, Ратко Димитровски, Викица Поповски, Георги Каратолис, Кирил Јаневски, Зоранчо Митровски, Ристо Милев и Златко Ѓорчев. Од извршените кривични дела сторени во временскиот период од 2001 до 2010 година била прибавена имотна корист во износ од околу 5 милиони евра.

Во почеток на 2001 година Љубчо Георгиевски, како претседател на Владата, Марјан Ѓорчев како вицепремиер и Никола Груевски како министер за финансии, со цел да го контролираат фактичкото функционирање на „Поштенска банка”, организирале во основањето на Банката, покрај „Македонска пошта”, која била во државна сопственост, да учествуваат и правните лица кои тие ги избрале – „Ноел Експорт импорт” Гевгелија и печатница „Европа 92″ Кочани.

Меѓутоа, според СЈО, за Љубчо Георгиевски, Марјан Ѓорчев, Никола Груевски, Томе Главчев и Ратко Димитровски, настапила застареност на кривичното гонење за кривичното дело Злоупотреба на службена положба и овластување.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This