April 25, 2024, 11:43 am

ЉУБЧО ЈА ДАВА ЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА НА АЛБАНИЈА: „Дугметарот“ на СДС заговара поделба на Македонија и предлага промена на границите на Балканот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски, кој во последен период во јавноста е присутен со своите сервилни кон СДСМ ставови и тези, во интервју за германското издание на Хафингтон Пост Георгиевски заговара прекројување на границите на Блаканот и поделба на Македонија, со тоа што Западна Македонија би се припоила кон Албанија.

ljubco_hafington
Според Георгиевски Србија треба да ги припои Република Српска и Северно Косово, Албанија да се обедини со Косово, западна Македонија и Прешевската долина а делови од Босна да се спојат со Хрватска за што Сараево би добило територијални и финансиски компензации.
Оваа изјава на Георгиевски не е нешто ново, тој и во текот на воениот конфликт во 2001 година заговараше поделба на Република Македонија. Ваквите негови ставови траат до денес, тој од јавноста и од бившите сопартијци и блиски соработници е окарактеризиран како политичар на дугме. Неодамна за неговиот сервилен однос пишуваше основачот на ВМРО-ДПМНЕ, Мане Јаковлески.
– Овие луѓе покажаа дека се политичари на дугме. Секогаш кога тоа му е потребно на сценаристот, и кога ќе се процени дека тоа им е потребно на инструментот СДС тие се појавуваат. Приметете, тројката политичари на дугме, никаде ги немаше кога се создаваше Тиранската платформа, не кажаа ниту збор за обидите за промена на знамето, грбот, химната, кога се обидуваа да воведат двојазичност, да не прогласат како род и држава за геноцидни. Никаде ги немаше да ја заштитат Македонија, а еве ги сега да расправаат за ВМРО-ДПМНЕ. Луѓето имаат обврски кон некого, и еве сега е времето кога ќе пробаат да ги завршат, и воопшто не сум зачуден туку само изненаден што чекаа толку. Сепак, и покрај нивното подаништво и сервилност, тие не се вистинскиот противник на ВМРО-ДПМНЕ, затоа што одамна тие не се ВМРО, и по својот однос, и начин на дејствување. Тие се само политичари на дугме, испостава, која е гласна, но безопасна. Тоа нема да помине, напиша Јаковлески.
Евидентно е дека Георгиевски се активира себе си и својата партија само по потреба и за остварување на одредени цели. Кои се целите и штетата за државата овој пат останува да видиме.

27 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This