ЉУПЧЕ НИКОЛОВСКИ ТЕРА ИНАЕТ СО ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ: Николовски и СДС го користат Министерството за земјоделство за пресметка со земјоделците!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДС го користи министерството за земјоделство како средство за пресметка со своите политички неистомисленици. СДС преку иницијативата за ревизија на договорите за доделување на државно земјоделско земјиште, се пресметува со земјоделците кои не се под нивна контрола, се вели во реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Министерот Љупчо Николовски.

Оттаму посочуваат Николовски нема никаков легитимитет и кредибилитет да зборува за фер и правично доделување на земјоделско земјиште и воведување на нови постапки, бидејќи пред извесен период се објави оглас за земјоделско земјиште,  потпишан од истиот министер, а според критериуми утврдени со закон кој што го донесе претходната влада.

-Доколку имало било какви проблеми со процедурите и постапките истиот со владата од СДС ќе иницираше промени во законот, со цел подобрување на постапките и процедурите. Ова е уште едно лицемерно претставување на Љупчо Николовски пред земјоделците со цел нивно заплашување и ставање под контрола на  истите. Владата на ВМРО-ДПМНЕ во 2014 година поднесе измени на законот за доделување на земјоделско земјиште, по пат на електронско јавно надавање, со цел фер  и транспарентно доделување на земјоделското земјиште во државна сопственост за комерцијални намени. Земјоделците се тие кои што ќе судат, која влада и министерство доделувале земјоделско земјиште по фер и правични критериуми, заради тоа што податоците кажуваат дека до 2006 година доделени се 100.000 ха земјоделско земјиште, на 411 лице, додека од 2006 година до 2016 година доделени се 65.000 ха земјоделско земјиште на околу 6000 лица, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму истакнуваат дека СДСМ спроведува политички реваншизам и затоа ќе бидат казнети на претстојните локални избори на 15 октомври.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This