ЉУПЧО ЗИКОВ СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА: По една недела на директорската функција, Зиков го напушта МЕПСО – причина била медиумската хајка против него!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Десетина дена откако Владата реши да го назначи Љупчо Зиков за директор за финансии во МЕПСО, тој одлучи да се откаже и да ја врати понудата. Тоа го соопшти пред неколку минути на фејсбук профилот. Како што наведува во неговиот фб-статус, единствена причина за ваквата одлука, се бројните негативни коментари со кои беа преплавени социјалните мрежи и портали.

 

„До сите душегрижници и лоши луѓе кои деновиве ревносно, како кутрето Рекс што го бранеше Тито на Сутјеска од бомбите на фасистичкиот окупатор, се нафрлија со своето тело врз Владата и еуфорично ја бранеја државата од мене (поради изборот во мепсо). Сакам “да им ја дигнам високо раката и да кажам дека победија …” Победија “слепите мишеви”. Ете денес ја вратив поканата од таму од каде што дојде … Да се каже најлошото за мене и моето семејство деновиве не се бираа зборови. Јавноста ја лажеа брутално. Многу пизма и зли мисли. Хипокризија. Инбоксот мој полн со клетви и конкретни закани … Се измислуваа разни проблеми и причини … Премногу е. Не вреди тоа толку, пишува Зиков.

-Потполно сум свесен дека цената што се плаќа при прифаќање на ваква функција е висока! Јас бев решен да ја плаќам континуирано низ месеците и годините нанапред, силно посветен на остварување на визијата и мисијата на компанијата и владата со целото мое знаење, посветеност и професионалност. Исто така како што го градевме Капитал и усте четири други мои фирми во минатите 18 (осумнаесет) години. Мегу кои едукациски центар Концепт за бизнис образование и други фирми… Но, не можам таа цена да ја плаќам уште не влезен во зградата на мепсо. Тоа едноставно не е фер. Затоа “идемо далје” … светот нити почнал нити ке заврши со мепсо 🙂 Еве го местото е слободно ајде колете се да го земете :)) Им благодарам на сите мои пријатели кои честитаа на изборот и цврсто застанаа зад мојата прва одлука … Им благодарам и на оние кои се истрчаа да хејтаат и да ми се посерат на главата, па си го показаа своето вистинко жално лице … Ним средниот прст! “, напиша Зиков.

11 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This