Љупчо Ристовски ја претвори Интегра во секта, рече Зафировски откако премина во ВМРО-ДПМНЕ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на Интегра, Љупчо Ристовски во изминатиот период одработуваше за актулната власт, рече доскорешниот потпретседател на партијата Воислав Зафировски, откако премина во редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

На прес-конференција со Христијан Мицкоски, тој рече дека во редовите на ВМРО-ДПМНЕ преминуваат и поголемиот дел од членовите на претседателството, носители и координатори на изборни листи и претседатели и членови од општинските комитети на Интегра.

„Деспотскиот однос на лидерот на Интегра, Љупчо Ристовски и неговата фикција дека тој е пророк и месија пратен од Бог и неговата фикција дека ќе ја спасува Макеоднија на волшебен начин ги сруши сите принципи за кои се боревме и партијата ја претвори во трговско друштво. Ја претвори партијата во некаква секта каде што тој самиот е партијата. Во такви услови ние одбиваме да работиме и да се декларираме како дел од таа Интегра и затоа се определивме да преминеме во ВМРО-ДПМНЕ“,рече Зафировски.

Тој ги повика сите десноориентирани политички партии да им се придружат со цел да падне актуелната влада.

„Испраќаме повик до сите оние десноориентирани политички партии да ни се придружат да направиме блок кој ќе ја реализира онаа идеја која беше присутна уште пред изборите – да се сруши оваа власт која ја обезличи и обесчести Република Макеоднија. Затоа прифативме да бидеме дел од опозицијата, а не дел од власта. Ристовски и Интегра во која и ние дадовме придонес, во изминатиов период одработија за актуеланта власт“,рече Зафировски.

Коментирајќи го ставот на Интегра, која во соопштение до јавноста обвини дека ВМРО-ДПМНЕ врши поткуп, уцени и закани кон раководството на партијата, а дека Зафировски бил разрешен поради „преминат праг на морална грешка“, тој рече дека причината била негова колумна, во која лидерот на партијата се препознал и посочи дека бил разрешен без да биде информиран.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This