March 28, 2024, 11:43 am

Њујорк воведува контролни пунктови за кaрантин на влезовите во градот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Њујорк ќе постави контролни пунктови за кaрантин на клучните влезни места за да обезбеди патници од 35 сојузни држави, каде епидемиолошката состојба е неповолна, да бидат сместени во двенеделна изолација, најави градоначалникот Бил де Блазио.

Властите сакаат да спречат нов бран на инфекција во градот, кој порано беше најголемото жариште на пандемијата во светот.

Додека бројот на заразени падна за пет отсто на ниво на САД, во Оклахома, Монтана, Мисури и 17 други држави, има голем пораст.

Кабинетот на шерифот, во координација со други безбедносни агенции, денеска ќе почне со поставување контролни пунктови на мостови и во тунели, кои се прометни во сообраќајот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This