ЊУЈОРК: Генералниот секретар на ОН ја поздрави промената на името

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш го поздрави стапувањето во сила на Договорот од Преспа со кој се реши долгогодишниот спор меѓу Скопје и Атина.

Гутереш го доби официјалното известување за промена на името на земјава во Република ,,С” Македонија.

Македонија и Грција доставија заедничко писмо до генералниот секретар на ОН Гутереш, со кое го информираат за датумот на влегување во сила на Конечната Спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за Безбедност на Обединетите Нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните.

– Гутереш во вторник го доби официјалното известување за стапување во сила на Договорот од Преспа, со кој меѓу друготот е договорено новото име Република ,,С” Македонија, прифатено од двете страни. – изјави вчера портпаролот на Гутереш, Стефан Дујариќ.

Тој напомена оти Гутереш го поздравува овој развој на настаните, со кој се решава долгогодишниот спор меѓу Скопје и Атина и кој покажува дека дури и најчувствителните прашања можат да се решат со дијалог и политичка волја.

Генералниот секретар на ОН им честитал на двете земји и на премирите Зоран Заев и Алексис Ципрас за нивната одлучност во креирање за нивната визија за унапредување на односите меѓу двете земји, но и за стабилизирање на регионот на Балканот.

Гутереш изразил благодарност до медијаторот Метју Нимиц, за неговата посветеност во текот на преговорите.

Првиот човек на ОН ги повика земјите-членки, регионалните организации и сите меѓународни партнери да ги поддржат историските чекори кои ги презедоа двете земји со решавањето на спорот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This