ЊУЈОРК: Започна седницата на Советот за безбедност на ОН на која ќе се расправа за Косово и Метохија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Започна седницата на Советот за безбедност на Обединетите Нации во Њујорк на која меѓу другото ќе се расправа и за Косово и Метохија. На седницата Србија ќе ја застапува шефот на дипломатијата Ивица Дачиќ.

Седницата започна со извештајот за Судан.

Министерот за надворешни работи на Србија пред започнувањето на седницата се состана со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, пренесува Танјуг.

До последен момент беше неизвесно дали седницата ќе се одржи бидејќи четирите земји, САД, Велика Британија, Германија и Полска, беа против да се стави на дневен ред тримесечниот извештај на генералниот сектерар на ОН за Косово и Метохија.

Велика Британија побара прашањето за Косово засекогаш да се отстрани од дневниот ред на Советот за безбедност, додека пак американците сметаат дека седница треба да се одржува најмалку два пати годишно.

Русија предложи седницата да се одржува четири пати годишно.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This