April 27, 2024, 12:55 am

„ЊУЈОРК ТАЈМС“ СО ОСТРА КРИТИКА ДО ТРАМП: Американскиот претседател им порача да Црногорците дека можат „да цркнат!“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Њујорк тајмс“ во уреднички коментар на весникот остро го критикуваше Трамп поради критиката која тој ја упати до Црна Гора, оценувајќи дека американскиот претседател им порачал „да цркнат“

Во текстот под наслов „Трамп до Црна Гора: Умрете“, весникот истакнува дека само што се помислило дека американскиот претседател не може да направи поголема глупост од тоа што ги нарече европските сојузници – непријатели, или навредата на сметка на германската канцеларка и британската премиерка, грешките кај кралицата Елизабета Втора или по „прославената“ прес-конференција по состанокот со рускиот претседател.

Но тогаш стигна неговата изјава дека 640.000 луѓе во Црна Гора се агресивни и би можеле да го вовлечат НАТО во трета светска војна.

Интервјуто кое Трамп го даде за „Фокс Њуз“ покажува и застрашувачко непознавање на американската историја и нејзините историски сојузници.

„Њујорк Тајмс“ потоа потсетува дека Трамп во тоа интервју, во кое помеѓу останатото се зборуваше и за НАТО и за ставот на Трамп дека САД премногу троши за таа Алијанса, одговарајќи на прашањето на новинарот: „Еве да кажеме, Црна Гора, која минатата година влезе во НАТО. Зошто мојот син би одел во Црна Гора да ја брани од напад? Зашто е тоа така?“

„Разбирам што зборувате“, одговори Трамп и продолжи: „И јас се прашувам“. Потоа Црна Гора ја опиша како мала земја со многу агресивни луѓе. „Тие можат да бидат многу агресивни и честитаме, добивте трета светска војна“, поентираше Трамп.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This